18 војници загинаа при напад на екстремисти во Сирија

by Fokus

Најмалку 18 сириски војници загинаа во напад на екстремисти во сириската провинција Латакија, наведе директорот на Рускиот центар за помирување на страните во судирите, Владимир Савченко.

– Во изминатите 24 часа, екстремистите ги гранатираа предградијата Алепо и Хама, како и локалитетот Тел Алуш и населбата Сафсара во Латакија, наведе тој.

Додаде дека во нападите загинале 18 војници, како и дека двајца се повредени.

Поврзани новости