18 лица загинаа во автобуска несреќа во Непал

by fokus

Во Непал 18 лица загинаа, а 13 се повредени откако возач на автобус изгубил контрола над возилото кое потоа се превртело во провалија.

Полицијата соопшти дека автобусот паднал во провалија длабока неколку стотици метри, на околу 240 километри западно од главниот град Катманду.

Во акцијата за спасување учествуваше локалната полиција, како и војската и жителите од околните села.

Несреќите на планинските патишта се чести во Непал, поради слабо одржуваните патишта со остри кривини и неквалитетни возила.

Поврзани новости