18 лица загинаа при пожар во хотел во Кина

by fokus

Пожар избувна утринава во хотел и спа комплекс во североисточниот кинески град Харбин, при што загинаа 18 лица.

Причината за пожарот се уште се испитува. Спасувачката операција продолжува. Се уште нема податоци за повредени.

Пожарот, кој избувна во четирикатната зграда во туристичкиот дел Сон Ајланд во Харбин, веќе е изгаснат.

Поврзани новости