16 новозаболени од корона вирус, седум пациенти наскоро ќе бидат пуштени дома

by fokus

Во последното деноноќие имаме 16 новозаболени од корона вирусот во Македонија, со што вкупната бројка достигна 257, информираше министерот Венко Филипче.

-Новодијагностицирани во последните 24 часа се 16 и сега вкупниот број е 257 пациенти. Вкупно 49 се хоститализирани, 7 се во тешка состојба. На сите други пациенти ширум државата состојбата е стабилна.
Двајца од пацинтите имаа втор негативен тест. Уште 5 лица ќе бидат деновиве наскоро тестирани по втор пат. Значи за 5-7 дена може да имаме 7 лица пуштени дома, рече Филипче.

Поврзани новости