Струмичани ќе трчаат за Нина, таа ќе ги пречека на целта

by Fokus

На 10-ти ноември во Струмица ќе се одржи хуманитарна трка за собирање на финансии за лекувањето на седум годишната Нина Димитриевска.

Малата струмичанка треба да замине на скапо лекување во Америка, кое изнесува 65.000 евра. Секој кој сака да учествува на трката треба да донира 100 денари, а стартот е на плоштадот Гоце Делчев во 12 часот. Ќе се трча низ струмичкото корзо, големиот парк, се до спортската сала Парк, односно до игротеката ,,Play” – информираат организаторите на настанот, здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром – Вера.

Настанот е наречен – Да трчаме заедно за Нина. Таму, на целта, учесниците на трката ќе ги пречека Нина. Пријавувањето на трката ќе се врши на плоштадот, еден час пред стартот. Голем број на спортски здруженија, клубови, училишта и компании веќе го потврдиле своето учество.

Нина Димитриевска е родена со дијагноза „Paraparesis Spastica“ а семејството апелираше дека има надеж за нејзино излекување во САД, преку операција која чини 65.000 евра, со постоперативна рехабилитација од еден месец.

За помош на Нина Димитриевска уплата може да се направи на една од следните сметки: Денарска сметка: 530500021369542 Охридска Банка Денарска сметка: 300037103306688 Комерцијална Банка Девизна сметка: 210501724202015 НЛБ Тутунска Банка IBAN CODE MK07210501724202015 SWIFT TUTNMK22 И преку мобилните оператори ВИП 143 – 469 Телеком 143 – 103

Вики Клинчарова

Поврзани новости