150 пациенти во моментов се хоспитализирани на Инфективна, слободни се 16 кревети

by fokus

Директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека капацитетите на Клиниката се уште се речиси исполнети, но надеж дава намалувањето на амбулантските прегледи.

-Ние не можеме да кажеме дека исполнетоста е намалена, затоа што се уште капацитетите на Клиниката за инфективни болести се речиси исполнети. Но, она што ни дава надеж и се поклопува со бројките на Институт за јавно здравје е дневната фрекфенција на амбулантски прегледи која е за 20, па и речиси 30 отсто намалена во однос на претходната недела. И ако сме имале просек 120 прегледи за 24 часа, сега таа е сериозна намалена. Тоа е она што го остава впечатокот дека бројките се намалуваат.
Околу 165-166 легла се  во функција на Клиниката за инфективни болести (заедно со модуларната болница). Во моментов 150 пациенти се хоспитализирани, и тоа е огромен број на пациенти. 123 пациенти се на кислородна поддршка, и тоа е многу висок процент и тоа само по себе зборува за тежината на состојбата на пациентите, вели Стевановиќ.

Поврзани новости