15 починати од корона вирус во изминатото деноноќие

by fokus
Во последните 24 часа починати се 15 лица заразени со корона вирус. Четири пациенти од Скопје (82, 70, 85 и 75г), еден од Куманово (60г), еден од Велес (62г), еден од Охрид (61г), три пациенти од Кавадарци (77, 90 и 51г), три од Гостивар (73, 67 и 33г) и два од Виница (54 и 83г). Од нив двајца се починати вон, останатите во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87986, бројката на оздравени пациенти е 69137, на починати е 2672, а бројот на активни случаи изнесува 16177.

Поврзани новости