15 граѓани починаа поради компликации од корона вирус изминатото деноноќие

by fokus

Во изминатите 24 часа починати се 15 лица заразени со корона вирус. Шест пациенти од Скопје (73, 40, 70, 84, 72 и 62г), двајца од Куманово (66 и 64г), двајца од Тетово (68 и 75г), еден пациент од Охрид (64г), двајца од Струмица (69 и 69г), еден од Кочани (68г) и еден пациент од Пехчево (67г).  Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83329, бројката на оздравени пациенти е 61447, на починати е 2503, а бројот на активни случаи изнесува 19379.

Поврзани новости