14 мигранти пронајдени во возило на скопјанец, полицијата поднесе кривична пријава

by fokus

Регионалниот центар за гранични работи Југ до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Р.Ф.(41) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. Од судија за претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Како што информира денеска МВР, на 1 септември во 17:30 часот на автопатот Гевгелија–Скопје, кај село Прдејци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица забележале патничко моторно возило „Хонда“ со скопски регистерски таблици во кое имало мигранти.

Возилото со голема брзина се упатило кон Скопје, а полицајците тргнале по него. По клучката Миравци возилото запрело, мигрантите излегле од него, а возилото продолжило понатаму.

По кратко време возилото било сопрено, а него о управувал Р.Ф.(41) од село Сингелиќ, Скопско. Биле пронајдени и 14 лица-мигранти, од кои 11 лица од Авганистан и тројца од Пакистан.

Поврзани новости