14-годишна штитеничка самоволно се оддалечила од ОУ „Димо Хаџи Димов“

by Fokus

Полицијата е во потрага по 14-годишна штитеничка, откако вработен во Јавната Установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми, пријавил дека таа самоволно се оддалечила во непознат правец.

„Вчера во 18,00 часот во Полициската станица Карпош З.М.(49) вработен во Јавната Установа за загрижување деца со воспитно-социјални проблеми – Скопје со седиште на улица “Петар Манџуков“ пријавил дека истиот ден околу 15,15 часот нивна 14-годишна штитеничка самоволно се оддалечила во непознат правец од училишниот двор на основното училиште “Димо Хаџи Димов“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, пренесуваат од МВР.

Поврзани новости