Советот за етика ја одби жалбата на Трпчевски за текстот на Секуловска

by fokus

Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), на седницата одржана на 21 мај 2018 година, врз основа на примена жалба од Стојан Трпчевски, ја донесе следната Одлука:

Жалбата се отфрла како неоснована – текстот на интернет порталот Нова ТВ не отстапува од професионалните и етичките стандарди, објави НОВА ТВ.

Стојан Трпчевски, уредникот на Информативната програма на МТВ, бараше да се објави демант за текстот на Биљана Секуловска-„Јавниот сервис МРТВ – симбол на прогандно оружје”, објавен на 26 април 2018 година.

Поврзани новости