Адвокатката Наташа Трпеноска -Tренчевска е еден од кандидатите за прв човек на  Адвокатската комора на Македонија. Досега на чело на комората не стоела жена, па Трпеновска -Тренчевска вели дека тоа за неа е предизвик.
-Чувствувам личен предизвик. Сакам да испратам силна порака за родова еднаквост. Без разлика на кој род припаѓате, имате еднакви права и можности да бирате и да бидете бирани. Со мојата кандидатура давам личен пример дека се што ќе посакате може да биде остварливо. Моите противкандидати се брилијантни правни умови, чест ми е да сум во конкуренција со нив. Еден ќе биде Претседател. Изборот е кај делегатите и членовите на Управниот одбор. Сепак, недостатокот на амбиција и надеж, не претставуваат моја карактеристика. Борбеноста и упорноста, да.
Така да, имам силно чувство дека овојпат ќе се случи промена, вели Трпеноска-Тренчевска.
На нашето прапање дали има подршка од делегатите, таа вели дека подршката стига и од колегите надвор од Скопје.

-По информациите кои ги добивам, имам силна подршка. Првична е подршката од Адвокатските друштва кои вработуваат голем број адвокати и на кои им е познат принципот на менаџмент. Значајна е подршката на младите адвокати кои се силно заинтересирани за значајна промена, кои бараат да се чуе и нивниот глас.

Подршката стига и од другите градови освен Скопје, поради намерата да посветам особено внимание на Адвокатските заедници надвор од Скопје. Секако оние кои лично ме познаваат силно ме поттикнуваат и подржуваат. Се надевам дека подршката од женскиот дел на адвокатите ќе биде едногласна, вели адвокатката со 25 годишна адвокатска кариера.
Според неа новиот претседател на Адвокатската комора ќе има полни раце работа и ќе треба да се фокусира на неколку значајни рабвоти.
-Зголемување на ингеренциите на адвокатите. Рамноправно учество при обавување на дејноста. Соработка со сите институции во правосудниот систем. Учество во процесот на измена и дополна на закони и реформи во правосудство. Заострување на критериумите за прием во АКРМ. Континуирана едукација, размена на искуства, зголемување на моралниот и етичкиот интегритет кај адвокатите.
Зголемување на дигнитетот и довербата кон адвокатите со цел квалитетна правна помош. Честа интеракција и транспарентност со членството.
Обезбедување на коморски простор каде адвокатите ќе се чувствуваат слободно.
… Голем предзвик, голем!, ни одговори Трпеновска-Тренчевска.
На нашето прашање дали е задоволна од „шефувањето“ на доскорашниот претседател, вели дека начинот на кој бил избран сеуште е дискутабилен.
-Веројатно сторил тоа што можел во тоа опкружување и во таа ситуација, заклучува нашата соговорничка.
В.В.