13 милиони евра за барокни факултети на УКИМ

by Фокус 19:22
19:22

Двете нови згради за Факултетот за физичко образование, спорт и здравје  и за Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) ќе бидат изградени во барок и ќе чинат 13 милиони евра.

Автор на идејните решенија е Жарко Чаушевски, кој е автор на најголем дел од зградите во проектот „Скопје 2014“, а двата нови барокни факултети ќе бидат сместени во зеленилото на кампусот факултети при УКИМ.

- Advertisements -

Министреството за образование и наука распиша тендер за да се избере изведувачот на градежните работи, а фирмите имаат рок до 6 јули да ги достават понудите.

Поврзани новости