13 мигранти пронајдени во комбе на автопатот Куманово–Табановце

by fokus

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот, во близина на село Костурник на автопатот Куманово – Табановце денеска околу 15 часот во товарно моторно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К (34) од Рашче, Скопско пронашле 13 лица- мигранти од Пакистан.

Од МВР информираа дека е приведен А. К. и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Поврзани новости