128 раселени семејства од „Дива населба“

by Фокус 21:14
21:14

66 куќи се оштетени, а 128 семејства се раселени по престрелките меѓу полицијата и вооружената група во кумановската „Дива населба“. Ова денеска го утврди Комисијата за проценка на штетите на имотите на граѓаните, која проценките ги започна пред два дена.

-Се документира фактичката состојба на објектите, се што се наоѓа во нив и во нивните дворови. Потоа ќе следи проценката на вредноста и на крај ќе им биде исплатена штетата на граѓаните, рече секретарката на Општина Куманово, Валентина Алексовска, а пренесе Плус Инфо.

- Advertisements -

Откако Комисијата ќе заврши со својата работа, ќе почне расчистување на теренот, дератизација и дезинфекција по што ќе следат другите активности. За расчистување на теренот се задолжени јавните комунални претпријатија на Куманово и Скопје.

Досега, на семејствата кои имаат претрпено штета им се доделени пакети со храна и хигиенски производи, а според најавите, деновиве треба да им бидат исплатени по 100.000 денари од Владата.

Поврзани новости