128 милиони евра за новиот Клинички центар

by fokus

Министерството за здравство го распиша тендерот за модернизација и изградба на нов објект за новиот Клинички центар Мајка Тереза.

Ќе се гради еден целосно нов објект за што ќе бидат потрошени 70 милиони евра, а за модернизација на постоечките објекти ќе се потрошат 58 милиони евра, со што вкупната инвестиција ќе изнесува 128 милиони евра.

Тендерот е веќе објавен, а се очекува отворањето на понудите да биде на 5 декември. Изградбата се очекува да стартува во првиот квартал на 2017 година. Предвидено е изградбата да стартува во првите три месеци од 2017 година, а да заврши за речиси четири години.

Поврзани новости