12-ти случај на украдени регистрации во Грција

by Фокус

На скопјанец му ги украле двете регистарски таблички од „волвото“ во Ханиоти, Грција каде бил на летување последниве десетина дена. Случајот го пријавил вчера на граничниот премин Богородица и претходно на грчката полиција.

„Со овој нов случај на украдени регистерски таблички  бројката на вкупно украдени регистерски таблички за оваа година достигна вкупно дванаесет, а досега регистрирани се и пет оштетувања на регистарски ознаки, со што забележуваме континуитет на проблеми од ваков карактер со кои мошне често се соочуваат македоските туристи во Грција“, велат од македонското МВР.

Поврзани новости