Самоубиство и обид за убиство во Кавадаречко, 73-годишник се фрлил во Црна Река, откако ја повредил сопругата со секира

by Fokus

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Кавадарци и екипа од МВР извршиле увид во куќа во село Шивец, каде е пронајдена жена на возраст од 84 години со тешки телесни повреди.

Според првичните сознанија, повредите ги направил нејзиниот 73 – годишен сопруг, користејќи секира и други опасни орудија. Потоа, тој заминал од куќата и фрлајќи се во водите на Црна Река си го одземал животот.

Според првичните сознанија на Обвинителството, починатиот со години се грижел за сопругата која била со многу нарушено здравје. Во изминативе неколку недели се влошила и здравствената состојба на сега починатиот, по што тој посегнал по животот на оштетената, но и по сопствениот.

Оштетената е во животно загрозувачка состојба и се наоѓа на скопските клиники на натамошно лекување.

Јавниот обвинител од Кавадарци издаде наредби за обезбедување и прибирање траги од лице место, папиларни линии и предмети кои ќе бидат предмет на натамошно вештачење, а во насока на утврдување факти во предметот.

Поврзани новости