Дали и лажниот пасош на бегалецот Грујевски е дел од акцијата „Двојник“?

by fokus

Дали и лажниот пасош на бегалецот Горан Грујевски, кој е поранешен началник во УБК, е дел од 215-те откриени фалс патни исправи во денешната акција на МВР под името „Двојник“. Оваа дилема се појави на денешната прес коференција на министерот Оливер Спасовски.

Поточно, министерот Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање, кој се поседувал ваков пасош, односно чии странски криминални структури, тој го спомена примерот со Грујевски, кој поседуваше и лажен пасош на име Владимир Валеров.

-Кога зборуваме за криминални структури, кои направиле такви пасоши, да не одиме подалеку од нашата држава. Ќе споменам само за еден кој што сите го знаеме, а тоа е Горан Грујевски, кој што имаше украдено идентитет на Владимир Варелов, истакна министерот Спасовски.

На дополнително прашање за министерот да допрецизира, министерот рече:

-Во рамките на овој случај е примерот со Горан Грујевски, да како пример ви дадов еден случај, додаде Спасовски.

Владимир Варелов не е измислен лик, туку постои и беше вработен во УБК, а јавноста за него слушна бидејќи е еден од обвинетите во случајот „Таргет и Тврдина“. Тој и Грујевски, кој го украл неговиот идентитет всушност биле колеги.

Поврзани новости