Да не избрзуваме, но многу е веројатно дека пикот веќе поминал, рече Филипче

by fokus

Да не избрзувам со изјавите, затоа што мора да ја следиме состојбата и оваа недела, но многу е веројатно дека пикот е веќе зад нас, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

-Вчера во текот на денот чувствуваме мало спласнување на притисокот во болниците, денеска и бројката е малку помала, треба да биде околу 1 200. Да не избрзувам со изјавите, затоа што мора да ја следиме состојбата и оваа недела, многу е веројатно дека пикот е веќе зад нас, но тоа ќе го кажеме на почетокот на следната недела. Се надевам дека нема да има некакво изненадување, значи веќе има слободни кревети на интерните клиники каде беше најголемиот притисок. Сè уште има голем број на хоспитализирани и, за жал, пациенти кои се во тешка клиничка форма на болеста, рече Филипче

Поврзани новости