Самка и Бајрам се смирија: Доста го цепкавме народот на различни страни

by fokus

Лидерите на партиите на Ромите кои застанаа зад претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, на заедничка прес-конференција истакнаа дека Пендаровски ќе овозможи подобра иднина за Ромите.

Тие потенцираа дека за првпат ќе работат заеднички во насока на поддршка за Пендаровски.

-Денеска е ден, денот кој досега кај нас Ромите ова единство не било. Од денеска ова единство покажува многу, благодарност на кандидатот на Северна Република Македонија, Стево Пендаровски, за претседател на Македонија. Тој момент донесе ние Ромите прв пат да се обединиме во историјата, да бидеме сите заедно, и да можеме сите заедно да делуваме и да работиме за ромскиот народ. Со тоа покажуваме единство во Република Македонија, доста ромските политичари бевме распоредени лево и десно, секогаш на сите избори имаше проблеми меѓу нас и народот не знаевме на која страна, кој како, да го распределиме. Секогаш народот го цепкавме на различни страни. Ова сега е еден патоказ на нашиот ромски народ. Кај што ќе сме ние, таму ќе биде и народот, изјави Бајрам.

Градоначалникот Курто Дудуш нагласи дека постојат две причини за здружување помеѓу ромските политички субјекти.

– Прво, носени од концептот на помирување и соживот во едно мултиетничко општество и опкружување дојдовме до заклучок дека делбите и раздорот меѓу нас ќе донесе поголема штета за ромскиот народ во нашата земја. Па, оттука како претставник на владејачката партија во Република Северна Македонија, имав морална и професионална обврска да го вратам единството во ромскиот политички сектор во интерес на нашата заедница. Второ, сметам дека е доста од поделби и делби. Доаѓа нова ера, живот за сите, сите граѓани, вклучувајќи ги и Ромите, заслужуваат стабилна економија, континуирано вработување, повисоки плати, квалитетно здравство и решено станбено прашање. Нашите деца треба да бидат вреднувани по нивниот труд, а не по нивната кожа – рече градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш.

Поврзани новости