100 пијани возачи казнети изминатата ноќ

by fokus

Во периодот синоќа од 22.00 до 04.00 часот, на територијата на град Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај во содејство со полициски службеници од други сектори и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Министерството за внатрешни работи, спроведоа акциска контрола во патниот сообраќај за откривање на возачи кои управувале возила под дејство на алкохол.

Притоа, санкционирани се сто возачи, кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 51 останат прекршок за што се изречени соодветни санкции.

Поврзани новости