1,6 милиони патници патувале преку македонските аеродроми во првите 9 месеци

by fokus

Вкупно 1,6 милиони патници (1.546.193) патувале преку двата македонски аеродрома – скопскиот аеродром Александар Велики и охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, во првите 9 месеци од 2017 година, што претставува годишен пораст од 12% споредено со истиот период во 2016 година, известуваат од ТАВ Македонија.

Двата аеродрома од јануари до септември 2017 година, опслужиле вкупно 13.752 летови, што е зголемување за 6% на годишно ниво.

Според статистиките на ТАВ за патничкиот сообраќај во првите 9 месеци, најфреквентната дестинација од скопскиот аеродром е Истанбул (12,4%), потоа следуваат Цирих (8,7%), Виена (6,8 %), Базел (5,1%), Малме (4,6%) и Лондон (3,9%).

Во однос на уделот на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај, Wizz Air има превезено најголем број од патниците со 57,5% пазарен удел, а потоа следуваат Turkish Airlines (8,5%), Austrian Airlines (6,8%), Germania Flug (5,1%) и Pegasus Airlines (4,5%).

Скопскиот аеродром годинава го имаше најпрометниот август досега, опслужувајќи 216.409 патници, со пораст од 23,7% во патничкиот сообраќај и 22,4% пораст во бројот на летови, достигнувајќи рекордни бројки во сообраќајот досега, што беше потпомогнато од спортскиот настан – UEFA Супер купот.

Поврзани новости