1.200 млади полициски службеници добија нова униформа

by Fokus

Сите помлади полицајци коишто засновале работен однос во полицијата ќе добијат нова униформа, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Се работи за набавка на комплетна униформа за 1.200 полициски службеници, којашто е доставена и поделена до сите сектори за внатрешни работи – изјави Спасовски, кој присуствуваше на промоцијата на новонабавената униформа во СВР Скопје.

Посочи дека Министерството продолжува со проектот „Опремена полиција-безбедни граѓани“ и дека  течат постапките за набавка на униформа за единиците за брзо распоредување и на посебната единица, како и за комплетна спортска опрема, што не се набавени повеќе од 12 години.

– Во тек е набавка на чизми и реконструкција на многу полициски станици затоа што сметаме дека најмногу треба да вложиме во подобрување на условите за работа на полициските службеници. Од 1 декември годинава заедно со Македонскиот полициски синдикат договориме и зголемување на платата на полициските службеници, чии бодови не биле зголемени од 1992 година до денес – изјави Спасовски.

Поврзани новости