Зврлевски во Собрание: Јас работев, на вработените им обезбедив службени мобилни телефони и компјутери

by Fokus

Никој на јавните обвинители не може да им влијае на работата. На Марко Зврлевски досега никој не му влијаел да покрене или не покрене постапка. Тоа никогаш не сум го дозволил, истакна денеска од собраниската говорница Зврлевски.

– Нема никаква погрешно постапување во случајот „Македонска банка“, ниту пак во „Актор“. Јавниот обвинител не побара укинување на притворот на Сеад Кочан. Како јавен обвинител на Македонија се трудев на вработените да им обезбедам нормални услови за работа. На сите обвинители им обезбедив службени мобилни телефони. Смејте се, знам дека ви е смешно, но додека јас не дојдов, Основното јавно обвинителство немаше компјутери и телефони. Јас тоа го обезбедив. Работиме преку 40.000 предмети – истакна Зврлевски.

Тој додава дека е свесен дека и на него ќе му се случи тоа, што им се случило на сите негови претходници.

–  Сите тие се разрешени поради тоа дека биле наводно нестручени и неспособни. Со моето разрешување нема да почнат реформите, ниту пак да се врати правдата во судството – вели Зврлевски.

Поврзани новости