Зврлевски се појави во Собрание, сака да ги слушне репликите, па ќе има излагање

by Fokus

Јас сум обвинител и не ви го познавам редот и затоа сакам да ви ги слушнам репликите и контрарепликите, истакна од собраниската говорница републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски.

Тој побара да има свое излагање после репликите.

По него, реплика на говорот на заменик министерот за правда Оливер Ристовски, реплика побара пратеникот Илија Димовски, кој тврди дека ова што денеска се случува е партиски реваншизам.

– Гледам дека оваа влада нема намера да ги подобри стандардите, туку цело време се читаат партиски соопштенија – додаде Димовски.

Поврзани новости