ЗНМ бара обвинителството да ја гони Велиновска

by Фокус

Јавното обвинителство веднаш да покрене постапка против новинарката Мирка Велиновска, а полицијата да преземе превентивни мерки со цел да се заштитат од можни напади новинарите Горан Михајловски, Ацо Кабранов, Борјан Јовановски и Катерина Блажевска, кои таа во колумна во дневниот весник Дневник ги етикетира како фашисти, криминалци и предавници, бара Здружението на новинари на Македонија.

„Ова претставува еклатантен пример на говор на омраза и повикување на насилство. Ваквите брутални напади претставуваат смислена стратегија на власта, која преку нејзините мегафони со закани и притисоци се обидува да ги замолчи новинарите. Велиновска преку непримерен речник за комуникација со јавноста го девалвира угледот и достоинството на професијата, а преку бесмислена дискредитација на новинари атакува врз еснафската солидарност и медиумскиот плурализам“, стои во соопштението од ЗНМ.

Поврзани новости