Знамето на ВМРО-ДПМНЕ развеано на детска градинка во Скопје

by fokus

Наместо државното знаме, денеска над детската градинка „8 Март” во Скопје се вееше партиското знаме на ВМРО-ДПМНЕ, објави А1он.

Родителите од детската градинка се револтирани, пишува порталот, бидејќи децата од мали им се трујат со партиски симболи.

Тие потенцираат дека Денот на Македонската револуционерна борба е државен празник и не смее партиски да се присвојува.

Поврзани новости