Златко Перински назначен за шеф на кабинет на Мицкоски

by fokus

Поранешниот директор на СЦ „Борис Трајковски“, Златко Перински, е назначен за шеф на кабинетот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Оваа одлука е донесена вчеравечер на седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. На седницата влеат од партијата се разговарало и за актуелната политичка ситуација.

Перински до сега беше член на Извршниот комитет, а на седницата бил констатиран престанокот на неговиот мандат.

Златко Перински е магистер по човечки ресурси и долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ. Перински станува член на ОК Аеродром во 2005 година. Во истата година станува и член на Републичката комисија на млади и спорт при УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2015 година станува член на општинскиот комитет Аеродром и е назначен за потсекретар на ВМРО-ДПМНЕ функција која ја извршува до неговото назначување за член во Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година. Перински беше именуван на позицијата  директор на С.Ц. Борис Трајковски  во 2014 година, функција која ја извршуваше до 2017 година.

Поврзани новости