Зимската опрема за возилата од денеска е задолжителна

by Фокус

Од денеска, стапува на сила обврската за носење на зимска опрема за возилата. Автомобилите, џиповите и лесните камиони мора да имаат зимски гуми или да носат синџири ако гумите се универзални, а за автобусите и тешките камиони е задолжителна и лопата за ринење снег, ако на погонските тркала не може да се постават синџири за снег.

Доколку возачите ја заборават зимската опрема за возилата, се соочуваат со казна од 15 евра. Откако на сила ќе стапи, пак, новиот Закон за безбедност во сообраќајот, кој е во подготовка, за не носење на зимска опрема е предвидена казна од 45 евра.

Зимската опрема во возилата треба да се задржи од 15 ноември до 15 март, следната година.

 

Поврзани новости