Жесток притисок кон реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ по трибината во Битола

by fokus

По вчерашната панел дискусија за реформи во ВМРО-ДПМНЕ во Битола денеска имало жесток притисок кон активистите кои ја поддржуваат иницијативата за реформи во опозициската партија, тврди еден од иницијаторите, Петар Богојески.

-Таа дискусија беше поучна и за нас, па од тука произлегоа некои идеи кои ќе ја подобрат и корегираат работата на Републичкиот штаб за реформи во ВМРО ДПМНЕ. Пред настанот, а особено денес, нашите активисти се под жесток притисок од дел од локалните и републички функционери, кои несвесни за силата и целта на нашата иницијатива, прават недела кон своите сограѓани. Јас само ќе ги повикам да не се грижат за нивните партиски функции во иднина, зашто нема јас или било кој да одлучува за истото, туку одлуката ќе биде на сите членови на партијата. Голема благодарност до битолчани за храброста и поддршката. Продолжуваме посилно во цела ИЕ5, вели Богојески.

Тој се заблагодари на, како што рече, огромниот интерес на сите медиуми за нивните панел дискусии кои се организираат низ сите изборни единици во Република Македонија.

-Последната во Битола беше многу успешна, не само поради огромното присуство на нашите членови, туку поради слободата и огромниот жар со кој се дискутираше и се кажуваа работите. Битола сепак е град на луѓе кои имаат силен индивидуален интегритет, завршува Богојески.

К.С.

Поврзани новости