Жерновски препозна двајца насилници, еден го нарекол антифашист наместо антихрист

by fokus

Поранешниот градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски, на денешното сведочење во судот, а во врска со обвинението на СЈО за насилствата во Општина Центар, рече дека препознал двајца од насилниците кои ја демолираа општинската барака.

За еден посочи дека седи во судницата, додека вториот не беше присутен затоа што поради здравствената состојба му се суди во раздвоена постапка.

На обвинетиот Димче Крстевски, на кој дополнително ќе му се суди, Жерновски рече дека по грешка го нарекол антифашист за време на протестите.

-Му дале задолжение да довикне кон мене антихрист, но тој погреши и ме нарече антифашист, што за мене не е навреда – рече Жерновски.

Тој додаде дека демонстрантите биле мобилизирани од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

На следното рочиште на 18-ти декември Жерновски ќе биде вкрстено испрашуван.

Поврзани новости