Жерновски: Опозицискиот фронт се проширува

by Фокус

Опозицискиот фронт се проширува. Сите што сметаат дека во државата работите се движат во погрешна насока, сите кои се борци за демократија и слобода, се добредојдени во една поширока опозициска коалиција. Оваа порака ја испратија лидерите на ЛДП и НСДП, Андреј Жерновски и Тито Петковски, откако неделава разговарале дека во јавноста преовладува чувството дека се неопходни промени.

Жерновски денеска изјави дека со лидерот на СДСМ, Зоран Заев има редовни комуникации и дека се состануваат секои 2-3 дена.

-Состојбата во државата е алармантна. Разговараме за периодот кој доаѓа, ќе има нови интересни моменти, граѓаните ќе се уверат во она што веќе го знаат“, изјави Жерновски.

 

Поврзани новости