Жерновски ја донираше својата плата за дете од Центар да ја добие потребната операција

by fokus

Општина Центар ќе обезбеди уште 1.900 евра, колку што се потребни за единаесетгодишниот Марко, жител на Општината, да ја добие потребната операција на коленото.

Наведената сума ќе биде издвоена од средствата собрани за хуманитарни цели од новогодишната прослава, која оваа година ја организираше Општина Центар и дел од хонорарите на артистите. За оваа намена и градоначалникот Жерновски ја донираше својата плата.

Од Општината велат дека ќе донираат и повеќе од 3.500 евра за набавка на специјална количка за 22-годишниот студент Тео, исто така жител на Центар. Тео остана со траен инвалидитет по незгода при пливање.

Одлуките за донации се договорени на денешната средба на градоначалникот со претседателот на „Меѓународниот сојуз“, Бојан Јовановски.

Поврзани новости