Жерновски ги доставил до ДИК потписите за независна кандидатура во Центар

by Фокус

Непосредно пред истекот на рокот за собирање на потписи за независни кандидатури за градоначалници и советници на полноќ, Државната изборна комисија евидентирала дека потребните потписи ги собрале 27 кандидати за градоначалници и 47 кандидати за носители на советнички листи низ Македонија.

Еден од нив е и актуелниот градоначалник на Центар и поранешен лидер на ЛДП, Андреј Жерновски, кој на претходните локални избори во 2013 година победи како кандидат на коалицијата на чело со СДСМ, додека во очи на претстојните избори одлучи да собира потписи за независна градоначалничка кандидатура во Центар.

Покрај него, потписи собрал и актуелниот градоначалник на Могила Стево Пивковски, кој и на претходните локални избори во 2013 година победи како независен кандидат, наспроти кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ,

Понатаму, потписи собрале и Кирчо Ташков и Јорго Огненовски за Битола, Горан Китевски и Стевче Стевовски за Охрид, Тони Ѓуровски за Гази Баба, Борис Давидов за Кавадарци, Маријанчо Анделовки за Куманово, Насто Палиоски за Струга…

Инаку, политичките партии и независните кандидати своите кандидатури треба да ги поднесат до општинските изборни комсиии до 14 септември, по што ќе се знае и конечната листа на учесници на изборите во октомври.

Поврзани новости