Жена починала откако во неа удрил автомобил

by Fokus

Седумдесет и едно годишната У.Ј. од Тетово го загуби животот откако вчера околу 11:30 часот била прегазена од автомобил на улицата „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 11:30 часот, 34 годишниот А.И. управувајќи автомобил „Опел Вектра“ удрил во жената која се здобила со тешки повреди.

Со возило на Итна медицинска помош таа била пренесена во тетовската болница каде докторите можеле само да констатираат смрт. Увид на местото на несреќата извршиле Јавен обвинител и екипи од СВР Тетово.

Поврзани новости