Зекири: Кога МВР ќе го гони Реџепи за сликање со оружје, а Агатангел за повикување на крвопролевање?

by fokus

Пратеникот Мухамед Зекири денеска од собраниската говорница го запраша врвот на МВР, зошто сите граѓани не се еднакви пред законот, односно праша кога ќе се санкционира однесувањето на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи и на владиката Агатангел. Зекири појасни дека Реџепи се сликал со оружје во рацете, што можело да се види на социјалните мрежи, а Агатангел, како што рече ширел омраза и повикувал на крвопролевање.

-Никој нема да биде над законот, кога ќе се собарат сите докази, во таа насока ќе постапиме и ние, му одговори на Зекири, заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу.

На прашањето дали е задоволен од одговорот, пратеникот Зекири додаде ќе биде задоволен кога ќе видам конкретни чекори кога ќе се превземат против овие лица. Тој повтори дека ниту ИВЗ ниту МПЦ, односно нивните челници не може да бидат над законите.

Поврзани новости