Здравство: Гинекологот нема право да ги убедува пациентите врз основа на било какви лични убедувања

by fokus

Министерството за здравство денеска излезе со став во врска со наводите изнесени во јавноста дека гинеколот во Шуто Оризари ги убедувала пациентките да не абортираат, бидејќи тоа било против нејзините верски убедувања.

-Став на Министерството за здравство е дека специјалистот гинеколог има обврска да ја советува пациентката за прекин на бременоста исклучиво од стручен аспект, односно единствено доколку утврдил дека за тоа постојат медицински индикации. Тоа значи дека гинекологот нема право врз основа на било какви лични убедувања, вклучувајќи ги и верските убедувања, да влијае на одлуката на пациентката.

Во однос на наводите за евентуални незаконски наплаќања на здравствени услуги од страна на гинекологот во Шуто Оризари, Министерството вели дека при извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, во медицинските досиеја (амбулантскиот и електронскиот дневник) и здравствените картони не се констатирани неправилности во работењето на оваа гинеколошка ординација.

Поврзани новости