Снегот ги завеа и потрупа партизираните државни институции!

by lali

И после првиот снег, не е се така бело во Македонија. Под него има нешто црно и каливо што ги отежна патиштата и коловозите во Македонија. Под тој бел снег се крие целата неспособност на државните институции којшто во време на вакви мали елементани непогоди, се покажуваат како тотално неспособни да се справат со тоа за кое се задолжени и вработени.

Повеќето од тие луѓе не се вработени за да и служат на институцијата. Нивната должност низ годините никогаш не била да ги обавуваат работните обврски и да бидат подготвени за вакви работи како што е снег од 15-20 сантиметри, туку нивната основна должност отсекогаш била да направат список од 15-20 луѓе што ќе гласаат на изборите. И толку. За тоа и биле вработени, за тоа и биле платени. Тие не им служат на институциите, туку и служат на партијата. Па кога ќе се појават вакви отежнувања на патот, сите почнуваат да креваат раменици и да се чудат како може Македонија да биде закочена и тотално неспособна во услови на снег којшто за чудо, заврна во сред зима.

Да го тргнеме фактот на страна дека Македонија пат има договор вреден 1,5 милион евра со 3 приватни компании за ангажирање механизација за чистење на патиштата затоа што парите никогаш не биле проблем да се земат, туку биле проблем да се искористат за вистинста цел.

Да бидеме реални, ние не можеме да се справиме со дожд и снег како природни појави, ама затоа како горди Македонци можеме и треба да се справиме со соросоидите, амбасадорите, странските служби и останатите штетници коишто сакаат да ја оцрнат и распарчат Македонија дури и во време на снегови и дождови што се појавуваат еднаш во 1000 години!

Поврзани новости