Преку ден работиш и пишуваш за најдобрата економија во Европа, после работа одиш на штрајк за неисплатени плати!

by lali

Од кога памтам во Македонија, покрај тешкотијата да најдеш работа, втората болна работа, откако ќе ја најдеш таа работа, било дали ќе биде редовна платата. И сме се изналушале многу сведоштва од неисплатени плати по неколку месеци, од непријавени работници или пријавени на минамална плата, па дури некои и без платени придонеси за здравствоно осигурување. И тие ситуации се тешки. Посебно кога сметките се собираат, кога деца треба да се хранат, кога си го вложил својот труд и време, а за возврат си добил само долг кон себе, притоа надевајќи се и молејќи се дека некогаш тој долг ќе ти биде исплатен, во целост или на рати.

Во моментот кај нас штрајкуваат новинарите од МПМ (весниците Утрински весник, Дневник и Вест) кои си ги бараат неисплатените плати, и вработените ов Македонски железници кои исто така си ги бараат неисплатените плати.

Давам поддршка на оваа група занемарувајќи го фактот дека новинарите од МПМ до пред извесно време на големо пишуваа во своите веснци за Македонија како лидер во регионот по отварање на работни места и преставувајќи не пред својата јавност меѓу најаките економски сили во светот. Навистина штета што сега новинарите сета таа „пропагандна“ материја мораа негативно да ја искуст на своја кожа, да го осетат она за кое свесно или несвесно го сервираа за останатите. Но, како викаат, здравиот не му верува на болниот, а ниту богатиот на сиромашниот.

Навистина, се надевам, можеби со штрајкот ќе дојдат до посакуванат цел, ќе ги добијат платите кои ги изработеле и според нивните газди ги заслужиле. Им посакувам таква разврска и отворено застанувам со нив и барам да им се исплатат заостанатите плати и хонорари. Верувам после тоа ќе ја научат лекцијата и ќе почнат да веруваат на гласот на напатените, сиромашните, обесправените и неисплатените, затоа што и они некогаш биле како нив.

Поврзани новости