Политичкиот термин „Избори“ е апсурден сам по себе кога на нив учествува само една опција!

by lali

Да се потсетиме дека одржување на избори со само една политичка партија или коалиција е познат метод во комунистичките држави и/или на партии којшто наметнувале фашистичка и националистичка идеологија и притоа преставувале единствен избор за гласачите на нивните таканаречени „избори“. Баш на такви еднопартиски или слични избори победувале луѓе како Хитлер, Сталин, Ким Јонг, Ким Јунг Ун и Лукашенко.

Сепак… можеби кај нас треба да се гледа различно од горенаведените, но ако се потсетиме на бомбите и разговорите од претседателот на собранието Трајко Вељановски, каде вели дека „И ја сакам овдека демократија да има со 123 пратеници од ВМРО “ тешко ме тера да ја направам разликата во размислувањето за спроведување на избори со една партија.

Дали ова ќе биде вовед на нов модел на демократија или ќе влеземе во модерна диктатура, не знам. Но, и при тоа, јас се уште стојам на ставот дека избори на 5ти јуни нема да има, колку и ДПМНЕ да сака или да се обидува тоа да го негира.