Народот нема да дојде по она што ветил а не си му го дал, туку по она што си земал, а било негово!

by lali

Ти на народот му го зема достоинството, му ја зема честа и гордоста, му го зема верувањето во добрината. Му ја искористи наивноста, му ја искористи маката а за возврат го осиромаши, го подели и го сврти еден против друг. Но, народот ја научи лекцијата и народот ќе дојде по она што му следува, а ти му го зема!

И биди сигурен дека народот нема да те заборави. Ти ќе влезеш во учебниците, ти мора да влезеш во учебниците за доброто на сите идни генерации, они да читаат за тебе и да ја научат најважната лекција за државотворност – никогаш повеќе да не се повториш! Ќе се учи како не треба во демократско општество да се манипулира со интелигенцијата на народот.