Мала победа за Македонија, голема за Гевгелија!

by lali

По серија на исто секојдневние, на (не)случувања во Македонија, успешниот референдум во Гевгелија донесе мало светло на крајот од тунелот за сите. Гевгеличани јасно и гласно, заедно се одлучија да кажат НЕ на големото прашање за отварање на рудници на планината Кожув. Ова исто така е и големо ДА за чиста околина и здрава иднина на градот.

Иако референдумот не е под облигација, односно НЕ е обврзувачко и не преставува гаранција за општинските власти и за владата при доделувањето концесии за отворање рудници, тој сепак е гласот и желбата на граѓаните што живеат таму и преставува нивна важна и конечна одлука.

Важноста на овој референдум не се мери само за околината на Гевгелија и зачувување на животната средина, туку има големо влијание врз свеста и важноста на сите следни локални референдуми. Преставува поттик и пример на обединување за заедничка цел и на спротиставување на граѓаните кон политиките од властите што не им одат во прилог.

Затоа едно ќе посакам, ваквиот терк на референдумски прашања да продолжи и да се практикува секаде низ Македонија, затоа што кога станува збор за нешто што е од општо добро, односно значајно за граѓаните, тие го имаат последниот и главниот збор, а не локалните и државните власти. Овој референдум навистина е од големо значење за Гевгелија, и воопшто за Македонија.

Поврзани новости