Јас ќе се задолжам, вие враќајте го долгот!

by lali

Владата го прашува народот – сакате да играме една игра? Јас ќе се задолжам, вие враќајте го долгот! Оваа игра веќе ја играме подолго време, ама сега влегуваме во финална фаза. Оној што ќе издржи и ќе победи, ќе раскажува.

Но, видете, ваквите моменти се ретки за Македонија. Кај нас владее немаштија, владее сиромаштија, нема работа, па затоа кога ќе ти се појави прилика да земеш голку голем заем, не смееш да одбиеш. Тоа е доволна причина за славиме, а не да тагуваме.

Се надевам во иднина дека ваквите задолжувања ќе станат почести и народот ќе има повеќе прилики да се радува на вакви остварувања од страна на Владата. Владата знае дека идинаната не е важна колку сегашноста и затоа со овие задолжување се грижи за своите граѓани навреме да ги земат своите плати и пензии.

Ова рекордно задолжување на владата со еврообврзница во вредност од 650 милиони евра треба да се поздрави затоа што ние нема нив да им бидете должи, туку ќе им бидеме на нашите деца затоа што не сме собрале сила и храбороста еднаш за секогаш да кажеме – ДОСТА Е!