Фокус со години се бореше против тиранијата, против притисокот и уцените. Против тужбите и заканите. И остана. Остана да живее!

by lali

Навистина ми е жал поради згаснувањето на МПМ весниците и порталите во Македонија. Но, дупката која ја копаа, беше премногу длабока за потоа да излезат од неа. Жал ми е и за новинарите што ќе останат на улица и што можеби касно се осветија дека слугувањето на крај никогаш не се исплати. Дел од нив навреме сфатија, и се обидоа да останат професионалци и својата професија ја побараат и развиваат на друго место, а дел од нив и можеби и не можеа да најдат друга работа и за жал останаа до крај со тонењето на бројот. Многу причини можат да се најдат зошто тие весници и портали пропаднаа, посебно медиуми којшто јавноста ја ранеа со слатки зборови за Македонија како најдобра економија во Европа, најдобра клима за отварање и развивање на бизнис. И на крај, сите тие слатки лаги да ги осетат на свој грб. Посакувам и сакам да верувам дека лекцијата е научена, дека новинарството е професија што не треба да слугува, туку да информира, истражува и да и служи на јавноста, а не слепо да им угодува на нарачателите и нивните билокакви интереси. Лекцијата треба да ја научат и другите медиуми за ако сакаме ваква медиумска катастрофа да не ни се повтори.

Тука ќе кажам и збор два за Фокус. За разлика од нив, многу потежок терет имаше Фокус. Изложен на обратната страна, дирекно во оганот, претејќи му на змејот и борејќи постојано против него. И покрај големиот број притисоци, тужби, заплашувања и закани, Фокус остана да дејствува и да здрачи во медиумскот простор. Oстана затоа што се бореше за вистината, гордо и достоинствено!

Јас како дел од Фокус посебно сум горд на таа битка и убеден сум дека ќе ја продолжиме и понатаму. За нештата да станат појасни!

 

Влатко Васиљ

Поврзани новости