Затворската полиција во Идризово испукала предупредувачки куршуми откако маскирани мажи се вдале во бегство

by fokus

Од Министерството за внатрешни работи ги демантираат наводите дека синоќа имало обид за бегство во женското одделение во затворот „Идризово“. Од таму велат дека околу 22.30 часот маскирани мажи во црна облека биле забележани како фрлаат предмети кон прозорците од женскиот објект.

„Затворската службеничка по радио врска го известила главниот командирот на КПУ Идризово кој ангажирал дополнително затворски службеници упатувајќи ги кон посочениот објект. Притоа, откако затворските службеници ги забележале двете лица, коишто по претходно предупредување – стој – не застанале, од страна на двајца затворски службеници од службена автоматска пушка и пиштол, во воздух се испукани по два предупредувачки истрела“, велат од МВР.

Маскираните лица се оглушиле на предупредувањата и побегнале во правец на селото Идризово, додаваат од таму.

„Од страна на полициските и затворските службеници, извршен е преглед на поблиската околина со цел пронаоѓање на лицата. СВР Скопје продолжува со истрага до целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости