Замрзнат сиот имот и сметки на Сеад Кочан?

by fokus

Судијка на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 попладнево на барање на Специјалното јавно обвинителство донела решение за замрзнување на имотот на сопственикот на „Трансмет“, Сеад Кочан, против кого се води постапка во случајот „Труст“, а којшто во моментов е во бегство, дознава Актуелно од извори од „скопска единица“.

Решението кое, според информациите на Актуелно, опфаќа замрзнување на сиот движен и недвижен имот, сметките на компанијата „Трансмет“, телевизијата „Нова“, и уште некои фирми каде што тој има удели, но и неговите приватни сметки, веднаш по донесувањето е испратено до СЈО.

Поврзани новости