Законот за мораториум на бомбите одложен до 20 октомври

by Фокус

На денешната средба на работната група за спроведување на договорот од Пржино партиите се договориле разгледувањето на предлог-законот за забрана за објавување на бомбите, кој го предложија ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, да биде одложено до 20 октомври. Исто така, и разгледувањето на предлог-законот за „свиркачите“ ќе биде одложено до 20ти месецов. Ова го соопшти амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ пак, даваат различни изјави за ситуацијата со предлог-законот за мораториум на бомбите. Според СДСМ,  меѓународните посредници побарале прво да се повлече предлог законот за забрана на објавување на опозициските бомби, за да може да продолжат разговорите за реформи во изборниот пакет. Антонио Милошоски од ДПМНЕ изјави дека бил постигнат договор предлог-законот да се врати на доработка, а од работната група ќе бил разгледуван паралелно со изборниот законик.

Поврзани новости