Законот за минимална плата изгласан со ниту еден глас против

by fokus

Со 70 гласа „за“ и ниту еден воздржан и против, пратениците попладнево го изгласаа Законот за минимална плата кој предвидува таа да изнесува 12.000 денари.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ потенцираа дека предлог законот за зголемување на минимална плата нема да го подобри стандардот на граѓаните ниту ќе ја раздвижи економијата.

За пратениците од собраниското мнозинство, Законот е мерка од социјален карактер која ќе повлече и раст на просечната плата, животниот стандард на граѓаните а со тоа и на целокупната економија.

Минималната плата ќе се однесува на сите работници, односно таа ќе треба да биде исплатена и за вработените во кожарската, текстилната и индустријата за обувки.

 

Поврзани новости