Законот за амнестија не помина во Собрание

by Фокус

Пратениците не го изгласаа Законот за амнестија со кој се предвидуваше  целосно ослободување на 40 проценти правосилно осудени лица за кривични дела кои се пропишани според Кривичниот Законик, а беше поднесен од 10.069 избирачи кои се потпишаа на оваа иницијатива.

Граѓанската активистка Мери Николова која ја поднесе иницијативата појасни дека амнестијата е иницирана поради потребата од заштита на човековите права во Казнено поправните домови во Македонија, кои се пренатрупани. Објасни дека ефектот од новиот закон би бил 100.000 затворски денови помалку и смалување на трошоци од 120 милиони денари во Буџетот на Македонија.

Според Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ политиката, односно пратениците не смеат да одмеруваат казни, како што рече, посебно не пред избори.  Пратеникот Петре Шилегов од СДСМ рече дека потребата за амнестија во Македонија е побарана според условите во Казнено поправните домови, но, додаде дека СДСМ не подржува целосна амнестија односно нема да подржи амнестија на педофили, убијци.

Поврзани новости